недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Дел од Кисела Вода и Петровец утре без струја

Дел од Кисела Вода и Петровец утре без струја

Дел од корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ бр.1 и од улиците „Есенинова“ и „Балканска“ утре, од 7.30 до 8.30 часот, ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 7.45 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата од село Петровец кон село Огњанци, улицата „8“ и околните подулички во село Петровец, објектите на Еурека Пласт, Фазанерија и Еуроленд, корисниците од селата Бадар, Кожле, Катлановско Блаце и Тотинци, како и тунелот Катланово.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа.