Бугарија само си го претставува вистинското лице и тоа го прават години наназад. Тие покажуваат дека имаат проблем со македонскиот народ, македонскиот јазик, култура, македонската засебност и тоа што спречуваат да се формира здружение во Благоевград многу зборува. Сметам дека ова е основ за уште една тужба која што Бугарија ќе ја добие во европскиот Суд за човекови права во Стразбур. Досега има 14 пресуди на европскиот Суд за човекови права кои Бугарија ги нема спроведено, што само зборува за каков недемократски капацитет се работи, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Само Вистина што се емитува на телевизија Канал 5 во однос на денешана одлука од страна на Советот на Општина Благоевград, во градот да се отвори македонскиот културен центар „Никола Впцаров“ именуван по славниот македонски поет.
Николоски потенцираше дека Бугарија има негаторска политика кон малцинстава особено пред се кон културните и јазичните права, како и правото на здружување за што е сведок и македонското малцинство кое живее таму. Додаде дека токму и таа е причината зошто Бугарија, иако е полноптавна членка на Европската Унија, не ги ужива сите права во Советот на Европа каде што е во пост мониторинг.
„Всушност, не случајно Бугарија е во пост мониторинг со Советот на Европа. Значи иако е полноправна членка на Европската унија, во рамки на Советото на Европа, Бугарија не ги ужива сите права, најмногу заради тоа што недоволно ги почитуваат правата на малцинствата, пред се клтурните и јазичните права како и правото на здружување. Така што тоа е уште еден доказ за бугарската негаторска политика и уште едно, можеби, освестување за сите оние наивни во Македонија кои што сакаат да веруваат во слатки лаги, а тоа е дека на другата страна на границата Македонија има пријател кој што добро и мисли на Македонија“, истакна Николоски.
Македоснката влада, вели Николоски, во однос на Бугарија се поставува многу млитаво, а однесувањето на Бугарија не е изненадување, затоа што тие низ историјата сметале дека треба да граничат со Албанија.
„Владата во однос на Бугарија се поставува многу млитаво, а однесувањето на Бугарија не е изненадување. Низ историјата тие сметаат дека на западната граница треба да граничат со Албанија, а дека тука живеат Бугари и тоа е 150 годишна политика на Бугарија. само наивни може да веруваат во ова“, рече Николоски додавајќи дека се прашува дали се наивни или пак корумпирани.
„Времето покажува дека се што зборувавме е точно, во Бугарија нема чесни намери кон нас“, рече Николски.