петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Началникот на ГШ на Армијата Ѓурчиновски во посета на Вооружените сили на Унгарија

Началникот на ГШ на Армијата Ѓурчиновски во посета на Вооружените сили на Унгарија

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски е во дводневна официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Унгарија.

Генералот Ѓурчиновски во текот на денешниот ден, во Генералштабот на ВС на Унгарија, по пречек со воени почести ќе има средба со својотдомаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Ромулус Русин-Сенди.

Тема на официјалните разговори, покрај разгледување на можностите за проширување на воената соработка, ќе бидат и ангажманот во операциите предводени од НАТО, како и безбедносните предизвици во регионот, соопшти ГШ.

Делегацијата на Армијата на Република Северна Македонија, предводена од генералот Ѓурчиновски, за време на престојот ќе посети и една од воздухопловните бази на ВС на Унгарија, каде ќе се запознаесо активностите на единицата.

Билатералните активности помеѓу двете сојузнички армии се на континуирано високо ниво, при што средбите помеѓу началниците на Генералштабови се реализираат еднаш на годишно ниво.

Министерствата за одбрана на Република Северна Македонија и Република Унгарија имаат потпишано договор за соработка во 2002 година. На воено-образовните институции во Република Унгарија се школувале голем број на припадници на Армијата на Република Северна Македонија, се вели во соопштеието од ГШ.

Најнови вести