Крег и Бонд се уште повеќе поврзани овие денови.
Крег можеби заврши со портретирањето на тајниот агент 007, но наследството на ликот останува испреплетено со она на актерот.
Принцезата Ана го одликуваше Крег (54) со „Орден на Свети Мајкл и Свети Џорџ“, британски орден за витештво основан во 1818 година. Тоа е истата чест што ја доби и неговиот измислен лик 007.
На социјалните мрежи во вторникот беше споделена фотографија од кралското семејство кое му ја оддава честа на Крег.
We’ve been excepting you („Ве очекувавме…“) се наведува во твитот. „Кралската принцеза му врачува на Даниел Крег орден на Свети Мајкл и Свети Џорџ – истата чест што ја има неговиот лик Џејмс Бонд – како признание за неговиот исклучителен придонес во филмот и театарот.“
Крег претходно беше именуван за почесен командант во Кралската морнарица на Обединетото Кралство, во септември 2021 година. Ликот Бонд исто така бил член на Кралската морнарица.
Мандатот на Крег како Џејмс Бонд се прошири на пет филмови, вклучувајќи ги „Казино Ројал“ (2006), „Трошка надеж“, (2008), „Скајфол“ (2012) и „Спектре“ (2015). Тој се повлече од улогата со „Не е време за умирање“ од 2021 година.