среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Викторија Бекам отворено за тоа дали с*ксот со Дејвид е добар, поради еден коментар жените не можат да си дојдат при себе

Викторија Бекам отворено за тоа дали с*ксот со Дејвид е добар, поради еден коментар жените не можат да си дојдат при себе

Викторија и Дејвид Бекам во брак се веќе 23 години, а парот и натаму изгледа заљубено до уши. Судејќи по едно интервју на дизајнерката, една од причините што нивниот живот е возбудлив е и сексот.

Викторија Бекам денес е „челична дама“ на светската мода и шоубизнисот – таа речиси никогаш не се смее, секогаш е воздржана во јавноста, ретко ќе пронајдете некое нејзино интервју, а исто така и ретко ја споделува својата интима.

Меѓутоа, не било секогаш така. Уште во првите години од нивната љубов, лудо заљубената поранешна членка на групата „Spice Girls“ не се срамела отворено да зборува за својата среќа со фудбалерот Дејвид Бекам со кој е во брак од 1999 година.

Парот денес има четири деца: Бруклин, Ромео, Круз и Харпер и живеат мирен, семеен живот, а во секоја можност покажуваат дека и натаму се среќни и маѓепсани еден од друг како и првиот ден.

Дали причината за тоа е животот во нивната спална соба, се прашуваат многумина, а судејќи по едно интервју на Викторија тоа би можело да биде случај.

Имено, во странските медиуми деновиве кружат стари изјави на Викторија Бекам во кои открива како изгледа да се биде во кревет со еден од најпосакуваните мажи на планетата.

„Се гордеам со тоа што мојот сопруг и јас и денес имаме одличен секс. Тој е во добра форма. Вообичаено сум гола во кревет, но тој почна да ми купува долна облека“, изјавила Викторија.

Викторија потоа ги коментирала фотографиите на нејзиниот сопруг на кои позира во долна облека и констатирала дека Дејвид може да се пофали со импозантна димензија.

„Има огромен пенис. Го гледате тоа во рекламата. Изгледа како ауспух од трактор“, додала таа.

„Дали јас се препотив додека го читав интервјуто на Викторија Бекам?“, „Боже, постои ли жена на планетава која не би сакала да биде таа?“, „Значи, сè е онака како што мислевме“, „Таа е најсреќната жена на светот“, биле само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Парот често зборувал за тоа дека од првиот момент знаеле дека се родени еден за друг, а Дејвид во една прилика изјавил дека веднаш сфатил дека пред него е неговата идна сопруга.

„Се сеќавам дека се свртив – пред воопшто да ја запознам и му реков на својот пријател: Сакам да се оженам со неа“, раскажал Дејвид во емисијата на Елен Деџенерис во 2008 година.

Најнови вести