Фолк пејачката Теа Таировиќ им се врати на секојдневните обврски по непријатностите што неодамна ги доживеа додека се враќаше од настап во Германија.
Теа беше приведена, како што објавија медиумите, бидејќи сакала преку граница да пренесе 70.000 евра во кеш, што не е дозволено. Како што можеше да се прочита во медиумите, цариниците се посомневале дека Теа спонзорирала терористи, а кога било утврдено дека нема никаква врска со тоа, ја пуштиле да се врати во Србија. Очигледно, стресната ситуација ја погодила Теа, која видно ослабе.
Во тоа се уверија и папараците кои ја сликаа на снимањето на една ТВ емисија, каде што ја покажа витката линија во панталони и топ.
За потсетување, нејзиниот менаџер Неша Бриџис ги демантираше пишувањата на медиумите и откри дека Теа е задржана поради сосема друга причина.
Како изгледа Теа по немилите настани, погледнете во видеото: