четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска Давкова: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени

Силјановска Давкова: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени

Во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, таа посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за Уставните измени.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени, бидејќи и сега бугарското малцинство е заштитено. Во преамбулата убаво си пишува и други народи. Ако вие сите ги внесувате во Уставот, тогаш апсолутно преамбулата ќе се сведе само на набројување“, рече Силјановска Давкова.

Таа би разбрала промена на Уставот доколку малцинството бугарско е дискриминирано.

„Јас би разбрала промена на Уставот, кога бугарското малцинство би било дискриминирано, но македонскиот Устав е еден од ретките Устави за разлика од Бугарскиот каде има цел еден дел кај слободите и правата што се однесува на правата на малцинствата. Таму не пишува дека тоа се однесува само на оние што се набројани во преамбулата, туку на сите малцинства вклучувајќи го и бугарското.“, кажа Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова потенцираше дека во Договорот за пријателство и добрососедство од 2017-та година нема ниту еден збор и барање за внесување на Бугарите во Уставот.

Најнови вести