сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВУЈАДИН СО ДРАМАТИЧНА СЦЕНА ПОРАДИ МИРКА: Го молела да позираат заедно, тој направи ХАОС за паметење!

ВУЈАДИН СО ДРАМАТИЧНА СЦЕНА ПОРАДИ МИРКА: Го молела да позираат заедно, тој направи ХАОС за паметење!

Фудбалерот Вујадин Савиќ и неговата невенчана сопруга, актерката Мирка Васиљевиќ се појавија заедно на премиерата на филмот на Сандра Митровиќ „Комедија на три ката“, каде наводно дошло до расправија.

Имено, Вујадин Савиќ и направи страшна сцена на Мирка Васиљевиќ кога таа го замоли да излезе со неа на црвениот тепих за да ја фотографираат претставници на медиумите.

Свечената церемонија се одржа во центарот на градот, а сите гости имаа обврска прво да прошетаат по црвениот тепих, да позираат и да се сликаат за претставниците на седмата сила, а потоа да уживаат во филмот.

Овој протокол наводно воопшто не му се допаднал на поранешниот фудбалер Вујадин Савиќ. Беше резервиран, намуртен и лут цело време. Тој негодуваше што фоторепортерите го снимаат и фотографираат.

Кога Мирка го замолила заедно да излезат на црвениот тепих за да позираат, тој полудели почнал да вика.

-Оди си. Оди сама. Мене тоа не ме интересира, викаше Вујадин на жената пред сите и цело време мавташе со рацете, пренесоа српските медиуми.

Мирка го одведе зад столбот да се разбере со него и да се обиде да му објасни дека би било убаво да се сликаат заедно, но тој остана непопустлив.

FOTO: PINK.RS/J. MATIĆ

Додека таа позирала, тој ја искористил приликата да исчезне во толпата гости. Иако пред минута доживеа непријатна сцена од сопругот Вујадин, Мирка позираше со насмевка, исто како вистинска актерка, криејќи дека сака да пропадне во земја поради расправијата која ја виделе сите што случајно се нашле во близина.

Најнови вести