недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Снимки од воздухот го покажуваат почетокот на изградбата на футуристичкиот мегаград во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Снимки од воздухот го покажуваат почетокот на изградбата на футуристичкиот мегаград во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Импресивните снимки од дрон покажуваат дека на северозападот на Саудиска Арабија започнала најавената градба на „градот на иднината“, а се предвидува дека ќе чини еден билион долари.

Видеото го снимила саудиската компанија „Ot Sky“, а на него се гледаат почетоците на работата на мегаградот наречен „The Line“.

„The Line“ се гради во склоп на развојниот проект „Neom“, а се очекува да биде долг неверојатни 170 километри. Покрај градот, ќе се градат и многу други проекти како ски центри и резиденции за саудиската влада.

На снимката може да се видат бројни багери како копаат широк линеарен ров во пустина, а градежници на терен го следат нивниот напредок.

Во снимките се гледаат и џиновски дупки кои би можеле да значат почеток на изградба на транспортен состав кој ќе се гради под самиот град.

Овој нов транспортен состав е осмислен така што ќе го намали нарушувањето на природата и граѓаните, а се надеваат дека со користење на брзи возови жителите ќе можат да патуваат од еден до друг крај на градот за само 20 минути.

„The Line“ е официјално претставен порано оваа година и дизајниран е за сместување на девет милиони луѓе. Ќе биде висок 500 метри и ќе има „огледало фасада“, а се очекува дека ќе биде со приближно иста големина како Масачусетс.

Исто така ќе биде јаглеродно неутрален, во целост ќе работи на обновливи извори на енергија.

Плановите за изградба на мегаградот ги направил престолонаследникот Мохамед бин Салман Ал Сауд, меѓутоа, многумина се сомневале дека ќе биде изграден.

Во документот, принцот тврдел дека проектот ќе биде завршен до 2030-та година, но инженерите предупредиле дека тоа би можело да потрае и до 50 години.