Нашата македонска актерка Јелена Јованова која публиката ја знае по улогата на Јелена од Драчево во серијата „Преспав“ денес има убав повод за славење.
Имено, актерката со хрватска адреса на живеење слави роденден.
По тој повод, на нејзиниот профил на „Инстаграм“ осамнуваат честитки со убави желби и заеднички фотографии.
View this post on Instagram
Јованова не е од оние дами кои ги кријат годините, па нема проблем да открие дека денес полни 38 години.
Иако можеби многумина помислија дека објавата од рецепцијата на Јелена од Драчево е најава за нова седма сезона на „Преспав“, но всушност тоа беше порарок од преубавата слика портрет од Јелена направена од портерти.мк на кои славеничката се заблагодари.
Иако беше начнат муабет дека нова сезона на „Преспав“ ќе се снима и прикажува од декември, засега нема информации околу тоа.
View this post on Instagram
За потсетување, во јуни 2020 година, Јелена за првпат се реализираше во улогата на мајка и со нејзиниот сопруг, хрватскиот актер, Стјепан Периќ добија син.
Среќен роденден!