среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Христовски за ТВ 24: Не добивме поддршка за проектот да се постават фотоволтаци на зонските паркиралишта

Христовски за ТВ 24: Не добивме поддршка за проектот да се постават фотоволтаци на зонските паркиралишта

Бојан Христовски екс директор на ЈП Градски паркинг во емисијата 24 Отворено, потенцираше дека секаков тип на проблеми и нарушени релации на комунукација помеѓу институциите создава проблем.

– Се обидовме да се соочиме со кризата и за да се заштедат ресурси преку поставување на фотоволтацици и оптимизација на вработените и да се искористи кадровиот потенцијал. За фотовотаилците немавме поддршка од град Скопје. Во катните гаражи се поставени лед светла во 26 јули и Беко и сензори кои функционираат дење и ноќе на движење и ќе ја намалат потрошувачката на струја. За сето тоа треба добра координираност од градот и јавните претпријатија. Не добивме разбирање за проектот да се постават фотоволтаци на зонските паркиралишта. – рече Христовски.