понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Специјалниот британски претставник за Западен Балкан Стјуарт Пич во посета на Македонија

Специјалниот британски претставник за Западен Балкан Стјуарт Пич во посета на Македонија

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Стјуарт Пич денеска пресотјува во посета на Република Северна Македонија.

Пич ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а предвидени се средби и со претставници на Владата.

Стјуарт Пич попладне заедно со министерката за одбрана Славјанка Петровска и британскиот амбасадор во Скопје Метју Лосон ќе присуствуваат на примопредавањето на донацијата од Обединетото Кралство која вклучува 14 мобилни единици за обука за припадниците на Армијата во урбана средина.

Најнови вести