Синоќа бил претепан новинарот Зоран Божиновски, кој а уредник на порталот „буревесник“.
Божиновски бил нападнат пред неговата куќа во Битола и со повреди бил пренесен во битолската болница, а неговата сопруга била сведок на целиот инцидент.
На Божиновски му е скршен носот и има други повреди на главата. Изутринава е пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница, објави ПлусИнфо.мк
Напаѓачите најверојатно биле вооружени со метални боксирачи на рацете.
Настанот бил пријавен во полиција.