петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Хенри Кавил потврди – се враќа во улогата на Супермен

Хенри Кавил потврди – се враќа во улогата на Супермен

Тоа веќе беше наговестено во филмот „Црниот Адам“.

По години шпекулации, Хенри Кавил официјално го потврди своето враќање како Супермен.

Актерот сподели видео со кое ја потврди својата посветеност да го игра херојот на „DC“ во идните филмови. Видеото доаѓа по појавувањето на Супермен на Кавил во „Black Adam“, што е негов прв пат да ја носи црвената наметка по „Justice League“ во 2017 година.

– Сакав да биде официјално – се вратив како Супермен – изјави Кавил во видеото. Тој им се заблагодари на фановите „за поддршката и трпението“. Тој додаде дека она што публиката го видела во „Црниот Адам“ е дел од работите што следуваат.

Очигледно, идејата е Кавил да глуми барем во еден соло филм за Супермен, но сосема е можно тој да се појави како еден од ликовите и во другите филмови на „DC“.

Видеото што го објави Кавил се подготвувало со недели и било темпирано да пристигне по првиот викенд од премиерата на „Black Adam“ за да може поголема публика да го види на големото платно.

Оваа вест доаѓа по години шпекулации за враќање на Супермен во универзумот на „DC“. Двејн Џонсон, главниот актер на филмот „Црниот Адам“, во своите медиумски настапи за време на промоцијата на филмот спомна дека ќе има конфликт меѓу неговиот лик и Супермен.

Кавил првпат се појави во оваа улога во „Man of Steel“ во 2013 година. Потоа го играше уште неколку пати, во 2016 година во филмот „Batman vs Superman: Dawn of Justice“, во 2017 година во „Justice League“, а во 2021 година во „Zack Snyder’s Justice League“.

Кога компанијата „Warner Bros“ се раздели со режисерот Зак Снајдер, се чинеше дека соработката со Кавил е завршена. После тоа се прослави со улогите во серијата „The Witcher“ на Нетфликс и филмот „Енола Холмс“, но во интервјуата изјави дека со задоволство би се вратил во улогата на Супермен и дека „наметката се уште е во плакарот“.