Месецот на нашето раѓање влијае врз повеќе аспекти од нашиот живот: на нашата личност, на нашата способност, но и на здравјето. Овде не се работи за астрологија, туку за факт докажан со статистички истражувања.
Еве поради кои шест работи луѓето родени во ноември навистина се посебни…
- „Крупни“ луѓе
Оние што се родени во есен и зима, во најстудените месеци од годината имаат тенденција да бидат повисоки и поголеми во детството за разлика од оние родени во лето и во потопли месеци. Според научниците, бебињата родени во текот на најстудените месеци имаат гестација во најтоплите месеци од годината, што значи дека во матката имаат подобар проток на крв и поефикасно внесување витамин Д, што е заслуга на поминувањето време на сонце.
- Физички се поспособни
Истражувањата за физичка подготвеност на учениците покажале дека децата родени во ноември имаат подобра кондиција за дури 10% од своите врсници родени во другите месеци.
- Порано се будат
Луѓето родени во есен и зима сакаат порано да одат на спиење, што значи дека се будат порано од другите луѓе.
- Левучари
Децата родени во ноември имаат големи шанси да бидат левучари, потврдило едно истражување спроведено на 13.000 луѓе.
- Отпорни на болести
Кај луѓето родени во ноември постои помала веројатност дека ќе заболат од автоимуни болести и кардиоваскуларни нарушувања. Исто така, истражувањата покажале дека се изложени на помал ризик од депресија.
- Живеат подолго
Истражување спроведено во Чикаго покажало дека луѓето родени во ноември најчесто го доживуваат својот 100-ти роденден!