вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

„Карен Пири“, крими-серија која мора да ја погледнете

„Карен Пири“, крими-серија која мора да ја погледнете

Се ближи Ноќта на вештерките, па луѓето деновиве вообичаено се порасположени да погледнат некој хорор-филм, или пак, нешто не толку крваво.

Во таа насока, се препорачува новата шкотска ТВ-серија „Карен Пири“ (Karen Pirie). Приказната е за полицајка (главната улога ја глуми Лорен Лајл), која на речиси 30 години се занимава со ситни злосторства, пие вино и флертува со тимскиот партнер, но одеднаш е назначена да истражи убиство од пред 25 години. Пири е определена за предводничка на истрагата и поради „ПР“ причини…

Серијата е заснована на првиот од низата романи на шкотската криминалистичка писателка Вал Мекдермид, којa веќе е сметана за наследничка на „престолот“ на Агата Кристи како „кралица на крими-жанрот“.