петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Дали е таа сопственичка на најголемиот задник на светот? Атрактивната бринета мами воздишки, но има еден проблем

Дали е таа сопственичка на најголемиот задник на светот? Атрактивната бринета мами воздишки, но има еден проблем

Бразилката Ванеса Атаидес може да се пофали со титулата за најголем задник, а како што истакнува, сака да достигне 130 центиметри обем во колковите.

Повеќето девојки би сакале да имаат побујни облини, посебно последните години кога тоа е поизразен тренд. Сепак, една Бразилка, иако има задник за кој многумина мечтаат, тврди дека тој носи и бројни проблеми. Верувале или не, токму поради таквиот изглед таа нема среќа во љубовта, што за многу нејзини фанови е крајно шокантно.

Ванеса Атаидес на социјалните мрежи е преплавена од понуди за брак, но и за други видови на емотивни и помалку емотивни односи. Сепак, покрај тоа што секојдневно ја опсипуваат со внимание, не може да пронајде некој што вистински ќе се заљуби во неа, а не во нејзиното тело. Оваа Бразилка со бујни облини има повеќе од 350.000 фанови на социјалните мрежи, но и покрај големиот број на фанови, сè уште не се појавил принц кој ќе ја освои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Ataídes (@vanessa.ataidess)

„Привлекувам големо внимание кај мажите, како на социјалните мрежи, така и во реалниот живот. Сосема полудуваат кога ја гледаат големината на мојот задник, секојдневно добивам понуди за брак! Сепак, тешко е да се пронајде маж кој сака да биде со мене поради мојата личност, а не поради моето тело. Ме гледаат како трофеј“ – вели Бразилката Ванеса Атаидес.

Ванеса, инаку, секојдневно вежба во теретана и води спартански начин на живот. Секое утро се буди во четири часот за да почне со интензивни вежби за кревање на задникот. Прво со часови прави клекнувања, крева тегови и прави други вежби, а потоа оди во прошетка долга четири километри. Поради исцрпувачкиот распоред на вежбање тешко дека би можела да пронајде време за состаноци со момчиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Ataídes (@vanessa.ataidess)

Атрактивната Бразилка, меѓутоа, не сопира само на вежбите, туку на својот специфичен начин на живот ја прилагодува и исхраната. Таа јаде 6-8 оброци во текот на еден ден за да успее да изгради силни и масивни мускули во теретана. Најмногу консумира белки и црвено месо.

Убавата Ванеса прави се за да ја постигне својата цел да има најголем задник на светот, а притоа не мора да се оперира. Нејзината крајна цел е 130 центиметри во обем, за кои тврди дека ги нема ниедна припадничка на понежниот пол на планетата. Сепак, таа не знае со сигурност дали таков рекорд воопшто постои.

Најнови вести