петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски за Канал 5: Уште од 2017 година почна активна соработка со ЗНМ, така и ќе продолжи – интензивно работиме да обесхрабриме било кој да изврши напад врз новинар, вербален или физички

Спасовски за Канал 5: Уште од 2017 година почна активна соработка со ЗНМ, така и ќе продолжи – интензивно работиме да обесхрабриме било кој да изврши напад врз новинар, вербален или физички

Министерот Спасовски во вестите на Канал 5 денеска уште еднаш го осуди нападот на сопственикот на порталот „Буре Весник“ Зоран Божиновски, потенцирајќи дека во државата не смее да биде толериран физички напад врз никого, без разлика дали станува збор за новинар или обичен граѓанин.

„Опсежни мерки се преземаат од СВР Битола. Ние извадивме веќе камери од 31 место по трасата на движење на возилото, се преземаат и други криминалистички мерки во делот на истрагата и очекуваме да дојдеме брзо до одговор кој го има сторено тоа“, потенцираше министерот Спасовски.

Во однос на безбедноста на новинарите, министерот Спасовски потенцираше дека уште со доаѓањето на ова раководство на МВР во 2017 година е почната активна соработка со Здружението на новинари на Македонија во насока на поголема безбедност и зајакната заштита на новинарите при извршување на професионалните задачи.

„Во 2017 имаше преку 43 случаи коишто воопшто не беа расчистени. Во 2021 година имаме осум пријави од новинари, од коишто се 5 целосно расчистени. Сстанува збор за три кривични пријави против седум лица коишто се поднесени, имаме едно писмено известување до Основното јавно обвинителство, една прекршочна санкција против две лица, додека за три случаи, бидејќи се работи за непознат сторител, се преземаат мерки за да можеме и тоа да го расчистиме“, министерот Спасовски ја презентираше статистиката на МВР, при што се осврна и на 2020 година кога од сите 10 пријавени случаи целосно се расчистени 9, што е показател дека Министерството интензивно ќе продолжи да работи да се обесхрабри секој кој сака да изврши напад врз новинар, без разлика дали станува збор за вербален или физички.

Најнови вести