петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Велат дека таа е најубавата Романка, а од нејзиното деколте запира здивот: Фотографиите без фотошоп откриваат како навистина изгледа

Велат дека таа е најубавата Романка, а од нејзиното деколте запира здивот: Фотографиите без фотошоп откриваат како навистина изгледа

Насмеаната Мадалина позирала пред фотографите, па можеме да видиме како изгледа оваа убавица без фотошоп.

Убавата Мадалина Генеа ги привлекла сите погледи кога се појавила на Римскиот филмски фестивал. Како и вообичаено, Mадалина блескала во провокативна тоалета која во прв план ги истакнала нејзините облини.

Италијанката со романско потекло се појавила на премиерата на филмот „Era Ora“, а за оваа прилика избрала да носи портокалов, долг фустан со многу длабок прорез и уште подлабоко деколте.

Стајлингот го заокружила со сребрени сандали и уште еднаш објаснила поради што важи за најубава и најзгодна Европјанка, како што многумина ја нарекуваат.

Насмеаната Мадалина позирала пред фотографите, па можеме да ја видиме како изгледа без фотошоп.

Мадалина кариерата на манекенка ја започнала на само 15 години кога ја открил италијанскиот дизајнер Гатинони.

Благодарение на својата убавина и талент, учествувала на многубројни модни кампањи и ревии, а се обидела и во водите на актерството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paolo Fidemi (@paolofidemi)

Минатата година имавме можност да ја гледаме во филмот „House of Gucci“ каде ја толкувала улогата на Софија Лорен со која ја споредуваат поради убавина.

Додека едни мислат дека споредувањето е на место, други сметаат дека Мадалина не ѝ е ниту до колена на славната италијанска дива затоа што има направено бројни операции. Мадалина отсекогаш била убава, но факт е дека не изгледала секогаш како што изгледа денес.

Мадалина во една прилика открила дека и денес е несигурна во врска со својот изглед, а дека се грижи беспотребно можеме да заклучиме по нејзините фотографии.

Италијанските медиуми пишуваа дека Мадалина отсекогаш имала полни усни, меѓутоа одлучила дополнително да ги пополни. Исто така наведуваат и дека таа го стеснила носот, ги правела јаболчниците, направила мачкини очи, но дека вградила и силикони.

Најнови вести