Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека завршија антитерористичките проверки во сите средни училишта на подрачје на град Скопје, кои беа направени по денешната пријава дека на меил на едно училиште е упатена закана за поставена експлозивна направа.
По направените проверки беше утврдено дека пријавата е лажна, а сите проверки се завршени без проблеми.
Ова е трет ден како на меjл се испраќаат пораки за поставени бомби. И во изминатите два дена, по направените проверки од страна на МВР беше утврдено дека пријавите се лажни.