петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Хенри Кавил нема да игра повеќе во серијата „Witcher“, обожавателите бесни

Хенри Кавил нема да игра повеќе во серијата „Witcher“, обожавателите бесни

Хенри Кавил повеќе нема да игри во серијата „Witcher“, а на негово место ќе дојде холивудската суперѕвезда Лиам Хемсворт.

– Моето патување како Гералт од Ривија е исполнето и со чудовишта и со авантури, и за жал, ги оставам мојот медалјон и моите мечеви за 4-та сезона. Волк. Како и со најголемите литературни ликови, го предавам факелот со почит за времето поминато. Лиам, добар господине, овој лик има толку прекрасна длабочина во себе, уживајте во нуркањето и гледањето на се она што може да го најдете, напиша Хенри Кавил на Инстаграм.

Засега критиките се негативни поради оваа промена, пишува Daily Mail.

„Целото шоу треба да се откаже“, „Не можам да верувам дека Хенри Кавил повеќе не е во серијата Witcher“, беа дел од коментарите.