Инстаграм го реши проблемот поради којшто милиони корисници беа известени дека нивните профили се суспендирани.
Луѓето почнаа масовно да го пријавуваат проблемот вчера.
Се чини дека проблемот бил ограничен на корисниците на „Ајфони“ кај кои апликацијата „Инстаграм“ е воопшто нестабилна и паѓа во последно време.
„Го отстранивме овој ‘баг’ поради кој луѓето од различни делови на светот имаа проблем со пристапот до нивните профили. Се извинуваме“, објави Инстаграм.
Инаку, на пр., и профилот на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо за еден ден „изгуби“ три милиони следбеници, но таа бројка е вратена на 493 милиони.