Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност попладне. Ќе дува слаб северозападен ветер.
Во четврток времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во петок пак ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Во сабота времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.
Според долготрајната месечна прогноза на „accuweather“ речиси вистинската есен да тропнува на нашата врата.
Високите температури ќе бидат последни за оваа година, а од викендов следува и дожд.
Кон крајот на месецот, поточно за 28 ноември се најавуваат и првите врнежи од снег, деталната прогноза погледнете ја во продолжение: