петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски: До крајот на годината ќе вложиме 15 милиони денари во училиштата и градинките

Костовски: До крајот на годината ќе вложиме 15 милиони денари во училиштата и градинките

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски преку статус на Фејсбук пишува дека до крајот на годината ќе вложат 15 милиони денари во училиштата и градинките.

-ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ВЛОЖУВАМЕ 15 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВО УЧИЛИШТАТА И ГРАДИНКИТЕ 📚🧮🔬💻

Децата се нашиот врвен приоритет, општина Бутел до крајот на 2022 година ќе вложи 15 000 000 денари во училиштата и градинките.

Ќе се набават голем број смарт табли, неколку нови кабинети за информатика, ќе се изградат нови високо квалитетни спортски терени, нови детски игралишта, ќе се реконструираат училиштата онаму каде што е најпотребно, ќе се набави нова опрема за градинките и нов инвентар.

Наскоро ќе излеземе со детали за секоја инвестиција.

Ветеното го реализираме.

#ОпштинаБутел✅, стои во неговиот пост на Фејсбук.