петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ФОТО: Француски производител на алкохол од сега нуди и луксузен парфем, ќе чини 5.000 долари

ФОТО: Француски производител на алкохол од сега нуди и луксузен парфем, ќе чини 5.000 долари

Француски Rèmy Cointreau, еден од легендарните производители на алкохолни пијалoци, го најави својот влез на пазарот на парфеми.

Луксузните мириси сега се нова производствена гранка на компанијата чии приходи се околу 5 милијарди долари годишно. Името на креацијата на парфемот ќе биде Maison Psyche, а цената за парфем е повисока од 5.000 долари.

-Овој потег е логичен и стратешки за компанијата. Многумина веќе го нарачуваат овој парфем, ќе го продаваме директно на потрошувачите, на однапред објавена локација во Париз, истакна извршниот директор Ерик Валат.

Парфемот, ко-креиран од главниот подрумар на Rèmy Cointreau и главниот парфимер на групата Firmenich, ќе се прави во дабови буриња во истиот регион каде што компанијата го произведува својот коњак од 3.000 долари по шише. Секако, се е во стилот на алкохолни пијалоци, но и луксуз.

Парфемот ќе биде во кристални шишиња украсени со злато и дијаманти во ограничено и нумерирано издание. Секое шише ќе има свој единствен број.