Во завршна фаза е детската градинка во населбата Точила која што се простира на површина од 5030 метри квадратни со капацитет за прием на деца од предшколска возраст од 252 дечиња, изјави денеска градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчевски.
Во продолжение интегрален текст и видео од изјавата на Јовчевски:
-Почитувани медиуми, почитувани посетители, нека ни е честит 3-ти ноември, Денот на ослободувањето на градот Прилеп, воедно да ви се заблагодарам за вашето присуство.
Денеска посебно сум горд што конечно во завршна фаза е детската градинка во населбата Точила која што се простира на површина од 5030 метри квадратни со капацитет за прием на деца од предшколска возраст од 252 дечиња и која што фаза конечно ни ветува дека во најскоро време со докомплетирање на документацијата конечно од јануари или февруари, се разбира тука треба до израз треба да дојде и обврската на Министерството за труд и социјална работа која што треба да се погрижи за обезбедување на ентериерот во детската градинка. Со тоа докажуваме дека ние конечно сме спремни да ги реализираме сите проекти кои што и се започнати, за жал можам да потврдам дека сепак огромниот дел до завршувањето на градинката исто така и наследувањето на целокупниот долг за исплата остана на локалната самоуправа и можеме со гордост да се пофалиме дека со домаќинско менаџирање веќе исплативме 37 милиони денари.
Благодарноста на акцијата која што е превземена за досредување во оваа состојба каква што е сега моментално ни дава дознаење дека ние со самите проекти за подобра иднина ги реализираме и ги остваруваме сето она што сме го ветиле предизборно и после назначувањето на локалната самоуправа на чело со мене во општина Прилеп, рече Јовчевски.