петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски: За само една година реализирани се околу 200 проекти кои го променија изгледот на општина Бутел

Костовски: За само една година реализирани се околу 200 проекти кои го променија изгледот на општина Бутел

За само една година успеавме да реализираме околу 200 проекти, голем дел од тие проекти го променија изгледот на нашата Општина Бутел, изјави градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски во гостување во емисијата „Јади Бурек“ на Телевизија Сонце.

„Она што ни беше исклучително важно на самиот старт е да го оставиме Бутел без уличка која што има кал и сите улици да бидат асфалтирани. Само во летниот период успеавме да асфалтираме 20 улици, а до крајот на годинава ќе бидат некаде вкупно 35 асфалтирани улици за само една година“, рече Костовски.

Костовски посочи дека за брзо време се започнало со изградба на нова градинка и ново училиште.

„За многу скоро време почна да се гради нова градинка на територија на Општина Бутел, проект вреден околу 33 милиони денари, веднаш почна да се гради и ново училиште во населеното место Визбегово“, посочи Костовски.

Тој изјави дека на Општина Бутел и недостасувало простор каде луѓето можат да се рекреираат.

„Поради тоа направивме голем спортско рекреативен центар со исклучително квалитетни спортски терени и праковска содржина во населеното место Расадник, а еден се гради во моментов во населеното место Радишани каде ќе има игралиште со вештачка трева, врвно баскет игралиште, паркска содржина и детско игралиште кое ќе го носи името „Македонија“ и уште едно спортско рекреативен центар се гради во Бутел 1“, потенцираше Костовски.