Семејството Ристовиќ во саботата одржа шестмесечен помен за Видоје, сопругот на водителката Николина Пишек, која не се појави на гробот каде беше и нејзиниот свекор со кого води војна.
Откако сите ги напуштиле гробиштата, работник на Новите гробишта видел, како што пренесуваат медиумите, дека на гробот пристигнала русокоса, која била сама и која многу плачела додека ја галела сликата на починатиот Видоје.
-Кога сите ги напуштија гробиштата, се појави помлада русокоса во црно која дојде сама и донесе бела роза. Таа ја галеше сликата на споменикот и навистина заплака. Таа остана можеби десет, петнаесет минути и си замина во тишина. Цело време кога ги напушташе гробиштата, таа ги бришеше солзите со марамче. Не знам која е жената. Слушнав од колегите приказна дека умрел со некоја жена во станот и дека можеби е таа, но навистина не можам ништо да тврдам, тоа е само шпекулација – изјави работникот на гробиштата.
Инаку, Миша Гроф бил многу лут на поменот бидејќи неговата снаа не се појавила.
-Сите дојдоа, освен вдовицата. Таа не успеа, бидејќи секогаш е со таа геј популација. Тие се не разделни. Можеби морала да ги шета кучињата и затоа немала време да дојде, страшно, рекол таткото на починатиот Видоје.