петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пауновска: Јавниот обвинител кога има актуелен предмет го работи само актуелниот предмет

Пауновска: Јавниот обвинител кога има актуелен предмет го работи само актуелниот предмет

Јавниот обвинител кога има актуелен предмет го работи само актуелниот предмет, вели обвинителката Деса Пауновска кандидат за шеф на Обвинителството за организиран криминал.

Се дава приоритет на предмети од интерес, меѓутоа во предметите оние по допрен глас или предмети од полиција од оштетени странки. Навистина има и други предмети кај што постои организирана група, има голема штета, немора секогаш да биде на Буџет, може да биде и од организирана група и Јавниот обвинител кога има актуелен предмет го работи само актуелниот предмет. Тој почнува да му обрнува внимание после една година, година и пол, истакна обвинителката Деса Пауновска кандидат за шеф на Обвинителството за организиран криминал во своето гостување во „Кој и зошто сака да шефува во „Обвинителството на Вилма“, која сака да ја задржи функцијата“ во А1он.мк.

Секој предмет има рокови и треба да биди реше, дали позитивно или со решение за отфрлање вели Пауновска.

-Кога го добиваш предметот, имаш рокови, го оставаш пет дена обвинителот да го разгледа предметот, кога ќе дојде кај тебе ќе дојде со план, колку време му треба, кои сведоци, колку време за распит на сведоци, тој предмет мора да се реши. Било со позитивна одлука, истрага или обвинение или пак со решение за отфрлање. За жал јас ги знам дел од тие таму колеги, не ги разбираат злоупотребите, едноставно не ја разбира злоупотребата и го чува предметот, тој не е од нејзина надлежност, можи да го реши да го препрати предметот тоа го знае и Вилма.

Најнови вести