Моливче за очи на солзниот канал е последниот моден тренд кога станува збор за шминкањето.
Трендот „сирена очи“ кој го нагласува издолжениот облик на очите е хит на социјалните мрежи, а се постигнува на едноставен начин.
Акцентот е на точката која се наоѓа точно во внатрешниот агол на околу, по должина на солзниот канал.
Иако шминкањето на окото до солзниот канал не е ново, овој тренд сепак внесува новина. Можете да пробате разни начини на нагласување на линијата со одредени бои, со неповрзна коса црта или само продолжувајќи ја линијата кон носот за дополнителен ефект.