петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од неколку скопски општини денеска без струја

Делови од неколку скопски општини денеска без струја

Поради технички интервенции во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат дел од корисници околу Реонскиот центар во Аеродром, во населбата Илинден и во селата Јурумлери и Сопиште, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје.

Според информациите што центарот ги добил од ЕВН од 09 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата 2 во Илинден, во околината на новото основно училиште.

Од 07 до 10 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат објектите на маркетите ЖИТО, Рептил и КАМ во Реонскиот центар на булевар „Видое Смилевски Бато“ бб во Аеродром, а од 09 до 10 часот и улица 7 и дел од селото Јурумлери.

Од 11 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улица 1 во Сопиште, од маркет Давидов кон Припор.