Една од перјаниците на шарената револуција и главен поддржувач на СДСМ, Мерсиха Смаиловиќ јавно ја прозва нејзината партија за хаосот што го создаде во образованието.
Смаиловиќ остро се противи на неспособноста на владата на премиерот Ковачевски да им испечати учебници на учениците од основното образование.
“Фала и’ на Владата за субвенциите за авио линии бидејќи со тоа нашите деца побрзо ќе заминат од овде”, ќе заклучи оваа активистка на СДСМ.
Мерсиха Смаиловиќ е сопруга на Јасмин Реџепи и сестра на Сенад Смаиловиќ, близок соработник на поранешниот скопски градоначалник, кој беше уапсен заради поседување на кокаин.