сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Маневски: Во Зелениково се гради, покрај уредување на речното корито, се реконструира и училиште

Маневски: Во Зелениково се гради, покрај уредување на речното корито, се реконструира и училиште

Денеска ми претставува особена чест што заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сме во посета на увид на тековни проекти што се работат во општина Зелениково, рече на денешната прес-конференција градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Коста Маневски.

-Денеска се наоѓаме во населеното место Река каде што се гради, регулација и уредување на речно корито. Исто така посетивме проект кој е завршен во основното училиште во општина Зелениково, населено место Орешани, а тоа е реконструкција на кров и гронобранска инсталација. Ја посетивме улица 10, реконструкција на улица 10 во должина од 230 метри, вкупна вредност на проектот е еден милион и 300 илјади денари. Исто така имаме и многу други проекти кои што се изградени во општина Зелениково, се работи за два детски забавни паркови и имаме набавка на специјализирано возило за собирање и транспорт на комунален отпад, набавка на нови контејнери. Прв чекор за водоснабдување на село Градовци, а тоа е бушотина и изнаоѓање на вода за водоснабдување на селото, истакна Маневски.

И исто така сакам да го спомнам етно комплексот Градовци, кој заедно со жителите и со граѓаните направивме едно преубаво место за рекреација на жителите од општина Зелениково, а и од околните населени места, додаде тој.