Оливер Стојановски од синдикатот на одбраната кој пред неколку дена беше пријавен за исчезнат е пронајден во манастир во околината на Скопје.
Од МВР потврдуваат дека е пронајден и однесен во полициската станица во Драчево, а потоа било известено и неговото семејство.
Неговиот брат за ТВ 24 вели дека Стојановски е во лоша здравствена состојба.
Причините за неговото исчезнување се уште се непознати. Стојановски пред еден месец направи сообраќајка со службено возило на министерството за одбрана.