Наследникот на пејачката Драган Мирковиќ, Марко Бијелиќ, неодамна реши да направи профил на социјалната мрежа Инстаграм, а јавноста беше изненадена кога виде во каков млад човек порасна.
Она што јавноста го знае за него е дека ја сака музиката, дека е жесток љубител на Формула 1 и дека има исклучително високо образование, што во неколку наврати го истакнала и самата Драгана.
Имено, Марко сега, на општо воодушевување на многумина, првпат се огласи на Инстаграм одговарајќи на бројни прашања, а во таа прилика за првпат обелодени бројни детали од својот живот, кои веруваме, биле од интерес за јавноста.
View this post on Instagram
Марко на самиот почеток откри дека е роден во 2001 година. Потоа призна дека со сестра му Мануела прво научиле течно да зборуваат српски, а потоа и германски. Она што ги интересираше неговите следбеници е на кој јазик се зборува во нивната куќа, а Марко откри дека со мајка му Драгана зборува на нејзиниот мајчин српски јазик, додека германски со татко му.
Тој откри дека студирал на музичка академија во Виена, а го споредил и животот во Србија и Австрија:
– Во Србија ми се допаѓаат луѓето, хуморот, менталитетот… Додека во Австрија го сакам редот, културата, здравствен систем – напиша меѓу другото.
Како што вели тој, висок е 180 сантиметри, роден е на 24 февруари, а омилена песна на мајка му е хитот „Печат на усните“.
View this post on Instagram
Марко исто така е љубител на брзи автомобили и Формула 1, а повеќе сака да се вози автомобил чија цена се движи од вртоглави 160 до 295 илјади долари, а најголемата брзина што Марко ја постигнал додека возел е 311 километри на час.
Веруваме дека Драгана нема да остане рамнодушна кога ќе прочита што напишал нејзиниот наследник за брзината.
View this post on Instagram
Многу се шпекулираше за емотивниот живот на Марко, а ова лето се дозна дека е во врска со извесна Анастасија со која летото го помина во Хрватска.
Да потсетиме, пејачката Драгана Мирковиќ од среќниот брак со Тони Бијелиќ ги има синот Марко и ќерката Мануела Бијелиќ кои со години не се експонираат јавно. Тие живеат во Австрија со своите родители, а јавноста малку знае за нивниот приватен живот.
View this post on Instagram