четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шамбевски: Оваа Влада мора да се прати во срамниот дел на историјата таму каде што припаѓа, а потоа да го залечиме и развиеме ова општество

Шамбевски: Оваа Влада мора да се прати во срамниот дел на историјата таму каде што припаѓа, а потоа да го залечиме и развиеме ова општество

Во текот на своето гостување на Вечерното шоу на Богдан Илиевски на Алфа телевизија, поранешниот амбасадор по во НР Кина и Италијанската Република, Оливер Шамбевски зборуваше околу длабоката поделенист во нашето општество, за апатичноста, за клиентелизмот и разочараноста на граѓаните во системот кој во последните 4 години го достигнал дното, но тој исто така кажа што според него е излезот од оваа ситуација.

Граѓаните во Македонија заради ваквото однесување на властите пред се на Владата, на Собранието, на претседателот итн. Ги прави луѓето да се чувствуваат беспомошно, довербата во судството е на 8% веројатно и помалку епа тоа ги прави луѓето да се чувствуваат беспомошно, како што кажав неколку пати во емисијата против тоа треба да се бориме и се бориме. Светлото на крајот на тунелот е тогаш кога оваа Влада ќе биде поразена, ова сериозно го мислам притоа не алудирам на политички припадности. Нешто што мора да се случи во државава е оваа конкретна Влада да биде поразена, да биде пратена во историјата и тоа во срамниот дел онаму каде што припаѓа, да го залечиме општеството, да го најдеме тој најмал заеднички содржател на сите и да продолжиме да го развиваме интензивно, затоа што во крајна линија немаме време за губење, па макар и да звучи ова како флоскула, навистина немаме време за губење и навистина мораме што е можно побрзо да се интегрираме онаму каде што сакаме се интегрираме, рече тој.

Најнови вести