понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НА ОВА МЕСТО ВО МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ТРУПА СНЕГ – еве што предвидува и УХМР за во следните денови (ФОТО+ВИДЕО)

НА ОВА МЕСТО ВО МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ТРУПА СНЕГ – еве што предвидува и УХМР за во следните денови (ФОТО+ВИДЕО)
ФОТО:ИЛУСТРАЦИЈА

Вечерва се исполни предвидувањето на метеоролозите.

Во овие моменти врне снег на повисоките места, а македонските планини се под снег.

Во овие моменти снег врне на Попова Шапка, што може да се забележи и преку камерите на страната „Ski Macedonia“.

Според УХМР времето утре пак ќе биде променливо облачно, по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Во западните делови во претпладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен дожд, а во источните времето ќе е посончево. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб променлив ветер.

Во среда времето ќе биде малку до умерено облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер.

Најнови вести