Денеска во случајот Траекторија во судот конечно беше пуштен целиот разговор помеѓу Зоран Ставрески и Гордана Јанкуловска на темата кинески автопати.
Со пуштањето на овие снимки јасно се виде како СДСМ ги крател разговорите и се обидел да ја изманипулира јавноста дека договорот со кинезите е незаконски потпишан.
Од денешниот разговор стана јасно дека СДСМ пуштил само дел од овој разговор, а го скрстил и делот каде Ставрески го кажува своето мислење за тоа како е законски правилно да се постапи за да се потпише договорот.
Ставрески вели дека правно издржано е да се потпише откако ќе се донесе Законот за двата автопата во Собранието.
Во реалноста така и се постапило, но токму тој дел од разговорот СДСМ во објавените бомби намерно го скратил. Станува сосема јасно дека договорот е потпишан целосно законски.