сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комеморација за Благоја Иванов ќе се одржи во среда

Комеморација за Благоја Иванов ќе се одржи во среда

По повод смртта на македонскиот раскажувач, романописец, есеист, критичар и драмски автор и долгогодишен професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Благоја Иванов, во среда (16 ноември 2022 година) во 12 часот на Академската сцена на ФДУ ќе се одржи комеморација.

Комеморацијата ќе биде последна прилика за целиот колектив на Факултетот за драмски уметности.

-Во името на многу генерации студенти и колеги наставници за последен пат да му оддадеме признание на професорот Иванов за исклучителната и посветена работа со која им ја предаваше љубовта кон драмската уметност на младите и им ги пренесуваше знаењата по предметите Југословенска драма и театар и Светска драма и театар, соопштуваат од Факултет за драмски уметности.

Најнови вести