четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Недостаток на МАГНЕЗИУМ води кон депресија: Со овие знаци телото ви покажува дека ви недостасува овој важен минерал!

Недостаток на МАГНЕЗИУМ води кон депресија: Со овие знаци телото ви покажува дека ви недостасува овој важен минерал!

Магнезиумот е неверојатно важен минерал во организмот, од кој зависат многу витални процеси. Поради својата важност за организмот, последователниот недостаток на овој минерал се манифестира како депресија, мускулни грчеви, аритмии…

Ако страдате од мигрена, симптоми на ПМС, ненадејни и чести промени на расположението, грчење на мускулите или неправилно чукање на срцето, главната причина може да биде недостаток на магнезиум. Имено, луѓето кои пијат алкохол, слабо јадат, имаат гастроинтестинални проблеми или недостаток на витамин Д, се изложени на поголем ризик од недостаток на магнезиум.

Магнезиумот може да се апсорбира и преку кожата, па затоа денес е на пазарот во форма на снегулки што се додаваат во бањата, а исто така е состојка на некои креми.

Жените имаат потреба од 310 до 320 милиграми магнезиум на ден, а тој број се зголемува доколку жените се бремени. Од друга страна, кај мажите препорачаниот дневен внес на магнезиум е до 400 милиграми. Храна како темно чоколадо, авокадо, лиснат зеленчук, ореви, семиња, банани, содржи многу магнезиум.

Недостаток на магнезиум може да се открие со земање крв, па затоа се препорачува да се консултирате со лекар ако препознаете некој од горенаведените симптоми и ако сте загрижени.