Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ се осврна на лица поврзани со СДСМ кои земаат огромни суми. Според матетиката која ја направи неколку лица, однсоно пет кои се именувани од СДСМ само за еден месец земаат милион и 604 илјади денари од Буџетот.
„Никола Љушев е главен извршен директор на Македоснки телеком од први јули 2018 година неговата плата изнесува 713 илјади денари, повеќе дури и од двајца функцонери во М-Нав. Вест од 18 мај 2018 година вели Дојче телеком си заминува од Македонија го продава својот удел во Македонски телеком причината е управување со Македонски телеком каде Дојче телеком поседува 51 процент од акциите, а македонската Влада има удел од 34,81 процент. Според извори во компанијата медиумите јавуваат дека постои несогласувања меѓу клучните партнери во однос на одлучувањето и се наведува дека Владата постојано се меша во носењето одлуки, во кадровска политика на менаџерски позиции и слично. По извесен период од ова Владата го именува Љушев за директор“, рече Стоилковски.
Стоилковски потенцираше дека Буџетот се користи и за хранење на луѓе блиски до СДСМ. Еден од нив е Љупчо Зиков кој е директор во МЕПСО именуван од Влада и зема плата од 80 илјади денари.
„Зиков ги анализира сите актуелности во општеството и ги оправудува политиките на Владата предводена од СДСМ. Дали некој прочитал мислење за актуелните теми поврзани со електроенергетски систем и енергетската криза, јас не сум слушнал“, кажа Стоилковски.
Според него само за пет лица од Буџетот одат милион и 604 илјади денари за еден месец.
„Ова значи дека е вносно да ги браниш ставовите на Владата и тоа се луѓе кои се дел од систем кој ја доведе државата на просјачки стап“, заклучи Стоилковски.