Власта бега од избори затоа шти ги знаат резултатите, граѓаните се севсни гледаат што се случува околу нив. Јасно е што се случува, рејтингот на Владата е на минус и не одат на избори за да можат до последен ден да исцрпат она што може да го исцрпат од ресурсите на Македонија изјави порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа.
Стоилковски посочи дека граѓаните веќе точно знаат како да реагираат и да оценат. Не постои толкава апатија што ќе го одврати народот да ја казни оваа власт што 3 години го казнува народот.
„Индексот на мизерија се должи на односот на власта кон состојбите но и кон истојбите кои ги предизвикува со нивното изостанување на реакција. Изостанувањето на реакција е она кое што го депримира човекот каде и да живее бидејќи тој се бунтува и реагира на неправда гледајќи ја правдата“, рече Стоилковски.
Стоилковски додаде дека одговорност за било што во државата нема.
„Нема одговорност кај власта, работите течат без реакција од институциите и тоа е чуството на несигурност кај граѓаните, а уште повеќе на непредвидливост за тоа што утре може да се случи е она што се нарекува мизерија“, изјави Стоилковски.