четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ниска толеранција и висока неоправданост на семејното насилство покажува анкетата на МЦМС

Ниска толеранција и висока неоправданост на семејното насилство покажува анкетата на МЦМС

Нивото на толеранција во земјава е ниско, а тоа е особено видливо кога станува збор за пет категории луѓе. Имено, големо мнозинство граѓани не сакаат да имаат соседи кои се зависници од дрога (91 процент), зависници од алкохол (88,6 проценти), луѓе со криминално досие (82 проценти), припадници на ЛГБТИ заедницата (81 процент) и лица заболени од ХИВ (77 проценти).

Мнозински, односно над 50 проценти се и одговорите кои се однесуваат на Ромите, имигрантите, лицата со хендикеп и припадниците на субкултурните групи.

За граѓаните, помал проблем е ако соседите им се од друга вера, етничка припадност (освен Роми), друга политичка ориентација од нивната или невенчани парови кои живеа заедно, покажуваат резултатите на истражувањето на МЦМС „Толеранција и вредности на граѓаните“.

Најнови вести