петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

На вашата кожа ѝ е потребна посебна нега во есен и зима – еве што МОРА да правите

На вашата кожа ѝ е потребна посебна нега во есен и зима – еве што МОРА да правите

Кожата е најголемиот орган, кој е склон на многу иритации во текот на есента и зимата.

Затоа е потребно во овој дел од годината да посветите особено внимание на кожата, со посебна нега.

Еве неколку предлози за тоа што треба да правите во студените месеци:

Еднаш неделно правете пилинг на вашата кожа. Во зима обновувањето на горниот слој на клетки на лицето е успорено. Затоа ни козметичките препарати не помагаат.

Потребо е да ги симнувате мртвите клетки со пилинг, за вашата кожа да може да добие на еластичност и свежина.

Користете купки со масло. Само така ќе може да и го вратите ph балансот на вашата кожа и да го спречите нејзиното сушење. Со овие купки на зима, ќе ја подобрите и лимфната дренажа на кожата.

Ниските температури, греењето во просториите во кои седите, предизвикуваат иритација на кожата на рацето и нејзино сушење. Затоа се препорачува често да ги мачкате со крема за раце.

Кожата на телото мачкајте ја со лосиони и млека за да го спречите сушењето и непријатното чешање.

Користете креми и лосиони кои содржат масло од бадем, кокос, авокадо, шипка. Избегнувајте ги кремите кои се парфимирани.