петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаулески: Пратениците од СДСМ и ДУИ против зголемување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 160 денари

Јаулески: Пратениците од СДСМ и ДУИ против зголемување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 160 денари

Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека пратениците од СДСМ и ДУИ се против зголемување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 160 денари.

„Тажна слика за студентите од Собранието на Република Македонија.

Пратениците од СДСМ и ДУИ против зголемување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 160 денари.

Инфлацијата од 30% на храната очигледно не е доволна причина за пратениците да земат од парите за прехрана на Маричиќ и да дадат на студентите.

Не се откажувајте, ова е причина плус да излезете во што поголема бројка и директно на Таче и Јетон да им кажете што мислите за нивната рационализација на давачките за студентите“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести