СО КОНКРЕТНИ ПРИМЕРИ ДЕКА МОЖЕ ПОИНАКУ ! Напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.
-Со конкретни чекори се менува негативното мислење за политичарите кое е стекнато со години наназат, една година помина од како ја добив вашата доверба да бидам градоначалник на општина Бутел, лично се уверив дека можело поинаку, истакна Костовски.
✅ 0 денари за трошоци по кафани (репрезентација)
✅ 0 денари за патување во државата
✅ О денари за патување во странство
✅ О денари за користење на службено возило
Буџетот на општина Бутел и најважниот постулат во моето делување, пристапот мора да биде домаќински и чесен. Потоа резултатите доаѓаат сами, додаде Костовски.