вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Девојката на Валентино Роси се соблече на јахта, папараците ја „изедоа“ (ФОТО)

Девојката на Валентино Роси се соблече на јахта, папараците ја „изедоа“ (ФОТО)

Папарацо фотографите го уловија славниот Валентино Роси во прилично интересна ситуација на неговата јахта во италијанскиот град Пезаро. Легендата на MotoGP го искористи одморот и убавите денови да ѝ се посвети на својата избраничка, а несвесни дека се на мета на фотографи, прилично се заиграа…

Тие уживаа во размена на нежности, а 22-годишната Франческа Софија Новело дури и го соблече горниот дел од костимот за капење, притоа заземајќи прилично провокативни пози.

Инаку, Роси веќе неколку месеци ја дели постелата со оваа манекенка, а таа од славниот Италијанец е помлада дури 15 години.

Ја нарекуваат „италијанската Брук Шилдс” поради сличноста со американската актерка. Моментално има повеќе од 120.000 фанови на Инстаграм, а нејзината популарност расте од ден во ден.

Тамошните медиуми пишуваат дека Франческа го препородила Валентино. 39-годишниот мотоциклист се колнел дека засекогаш ќе остане ерген и дека нема жена која ќе го смири. Сепак, Франческа тоа го променила, барем на некое време, бидејќи спортистот во целост ѝ е верен и посветен.

А ако подобро ги погледнете нејзините фотографии, ќе ви биде јасно зошто го полудела Валентино.

Најнови вести