Вселенскиот телескоп James Webb вчера откри прекрасни нови снимки од огромен облак од прашина во облик на песочен часовник околу ѕвезда во зародиш.
Досега невидливи, овие портокалови и сини облаци станаа видливи благодарение на инфрацрвената камера NIRCam. Многу младата ѕвезда, позната како „протоѕвезда L1527“, се наоѓа во соѕвездието Бик, а е скриена со ротирачки диск од гас токму кај стеснувањето на песочен часовник.
Но, светлината од таа протоѕвезда се распаѓа над и под тој диск, осветлувајќи ги празнините во околниот гас и прашина, објавија НАСА и Европската вселенска агенција (ESA) во заедничката изјава.
Протоѕвездата е стара 100.000 години
Облаците се формираат од материја исфрлена од ѕвезда која се судира со околната материја. Прашината е пофина во сините делови, потешка од портокаловите. Стара сто илјади години, протоѕвездата е во најраната фаза на формирање. Сè уште не може да генерира сопствена енергија.
Околниот црн диск, приближно со големина на нашиот Сончев Систем, ќе ја нахрани протоѕвездата со материјал додека не го достигне прагот потребен за иницирање на фузија.
„На крајот на краиштата, гледањето во L1527 е прозорец кон тоа како изгледале нашето Сонце и Сончевиот Систем на нивните почетоци“, се вели во соопштението. Молекуларниот облак Бик, кој се наоѓа на околу 430 светлосни години од Земјата, е ѕвездена градинка со стотици речиси формирани ѕвезди.
Countdown to a new star ⏳
Hidden in the neck of this “hourglass” of light are the very beginnings of a new star — a protostar. The clouds of dust and gas within this region are only visible in infrared light, the wavelengths that Webb specializes in: https://t.co/DtazblATMW pic.twitter.com/aGEEBO9BB8
— NASA Webb Telescope (@NASAWebb) November 16, 2022