четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Лекарите тврдат: Честото туширање не е добро за здравјето, а многу луѓе прават една голема грешка

Лекарите тврдат: Честото туширање не е добро за здравјето, а многу луѓе прават една голема грешка

Една од работите што е предмет на дебата меѓу експертите со децении е едноставното прашање:

Колку често треба да се тушираме?

Некои луѓе сакаат да се тушираат наутро за да се разбудат, но експертите предупредуваат дека тоа можеби не е одлична опција, особено за нашата кожа.

-Утринското туширање би можело да ги одземе од кожата природните масла, објаснила професорката Сали Блумфилд од Лондонската школа за хигиена, а потоа додала дека на нашето тело има микроби кои произведуваат непријатни мириси, но не се штетни за нас.

Затоа честото туширање не е најдобра опција за нашата кожа, особено со топла вода, бидејќи и ја суши.

Дополнително, туширањето повеќе од еднаш дневно може да ги отстрани и микроорганизмите од телото кои помагаат да се контролира маснотијата на кожата и да не заштити од надворешни фактори.

Ако на почетокот на денот го измиеме природниот заштитен слој, повеќе ќе бидеме изложени на нечистотии и бактерии. Затоа, кога се тушираме по напорниот ден и легнуваме чисти, седум или осум часа се доволни за нашите природни масла да се обноват на кожата.

Професорката Сали исто така објасни дека треба да ја разликуваме чистотата од хигиената.

-Луѓето често се збунуваат за разликата помеѓу чистотата и хигиената. Чистотата е она што го правиме за да изгледаме и да се чувствуваме чисто, а хигиената е чистење што го спречува ширењето на бактериите, рече таа.