четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Милиони не знаат дека ја имаа: Симптомите на оваа болест се слични на грип

Милиони не знаат дека ја имаа: Симптомите на оваа болест се слични на грип

Повеќе од 80 проценти од луѓето инфицирани со херпес имаат симптоми на мачнина, грозница и болка во мускулите, во првите стадиуми од инфицираноста, велат експертите од американскиот Центар за контрола на болести и превенција.

Се верува дека овие симптоми се резултат на имунолошкиот систем, кој се обидува да го нападне вирусот.

Инаку, херпес е доста честа полова болест, а се верува дека во Америка околу 40 милиони луѓе не ни знаат дека имаат херпес. Поради тоа експертите истакнуваат дека е доста важно да се препознаат симптомите на оваа болест која може да се стави под контрола, но не може да се излечи.

Се проценува дека 90 проценти од луѓето кои се инфицирани од типот 2 на вирусот никогаш не ја добиле таа дијагноза.

Делумно, причина за тоа е што поголемиот број од луѓето имаат благи симптоми, кои по грешка можат да се препишат на нешто друго, а се случува и да нема никакви симптоми, така што херпесот „минува“ незабележано.

Кога се јавуваат симптомите, тоа е обично меѓу пет и десет дена по гениталниот контакт кожа со кожа со некого кој веќе го има вирусот. Најчестите рани знаци кои се јавуваат се болки при мокрењето и пецкање во гениталиите, заедно со симптоми слични на грип- тоа може да вклучи грозница мачнина, главоболка, болки во мускулите, отеченост на лимфните чворови, чувство на омалаксаност…